Пензиите ќе се исплаќаат предвреме од 26 јуни

На денешната седница на Владата е разгледана информацијата за исплата на пензиите за јуни 2020 година, со утврден распоред за исплата на пензиите за месец јуни со цел да се избегне ризикот од Ковид-19.

 

Според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 26.06.2020 година, како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од 26.06.2020 година, односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа од 26.06.2020 година.

 

За оваа цел, потребно е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.06.2020 година, а деловните банки од 26.06.2020 година да обезбедат пензионерите со јунските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

 

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

 

- за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);

- за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);

- за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник); и

- за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.