Димитриеска-Кочоска: Со пресуда е потврдено незаконско постапување во Министерството за финансии

Моите укажувања за неправилно и незаконско постапување во Министерството за финансии се покажаа како точни, за што потврдува и пресудата на Вишиот управен суд, се наведува во соопштение на дополнителниот заменик-министер за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, а во врска со спорни унапредувања во ова Министерство.

 

„Со пресудата на Вишиот управен суд се докажа дека се постапувало спротивно на законските прописи и дека министерот за финансии не го почитува моето право како дополнителен заменик-министер на рамноправно учествување во остварувањето на надлежностите предвидени со закон“, истакнува Димитриеска-Кочоска.

 

Таа посочува дека со ваквата пресуда одлуката на ДИК во однос на тоа дека унапредувањата во Министерството за финансии не биле правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите се поништува, а одлуката на Управниот суд, со која се потврдуваше одлуката на ДИК, се преиначува дотолку повеќе што таа се оценува како незаконита.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.