Секоја фирма може да доставува фактури по електронски пат

Владата донесе уредба со која, во насока на превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти, соопшти Министерството за финансии.

 

„На овој начин компаниите ќе се ослободат од потребата за печатење и достава на фактури во услови на намалени ресурси и дополнително ќе се стимулира промена на навиките во иднина. Опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми што го преферираат тоа и понатаму е отворена.

 

Доколку компанијата поседува имејл или контакт-телефон од купувачот, ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува, ќе продолжи да им ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели.

 

Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот, ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори, ќе се смета дека се согласил. Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ“, се наведува во соопштението од Министерството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.