АХВ со препораки: Пазарете во најблиските продавници и не задржувајте се многу

Пазарете во најблиските продавници бидејќи со тоа го ограничувате и скратувате времето на движење надвор од домот, препорачува Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

„Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни продукти и така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна.

 

Доколку е возможно, обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето.

 

Кога избирате храна во вакви услови, најдобро е да изберете прехранбени производи што вообичаено ги купувате, така што не морате детаљно и целосно да ги читате иформациите од етикетите бидејќи тие етикиети од претходно ви се познати“, се вели во препораката.

 

Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, односно проверете дали амбалажата е оштетена и проверете ги органолептичките својства.

 

Задолжително проверете го датумот на производсво, односно рокот на траење.

 

По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.

 

Користените ракавици за еднократна употреба по напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.