ЕУ порачува „Нетфликс“ да го намали оптоварувањето на интернетот

Тиери Бретон, европскиoт комесар за индустрија, му порачал на шефот на стриминг платформата „Нетфликс“ дека овој и другите оператори кои овозможуваат вакви услуги треба да го намалат оптоварувањето на интернетот кое настана затоа што милиони луѓе се во нивните домови поради коронавирусот и активно користат интернет за работа и забава.

Бретон пораче дека операторите треба да го намалат квалитетот на снимката на понудените содржини од HD (висока резолуција), на стандарден приказ.

Во светски рамки, скоро 219.000 луѓе се заразени со коронавирус, а нешто помалку од девет илјади починале.

Во последните 24 часа, во светот имало повеќе од 20.000 нови инфекции, 5.000 повеќе отколку што е забележано во Кина во екот на епидемијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.