„Јутјуб“ остварува приходи од 15 милијари долари годишно

 

„Јутјуб“ во последните три месеци остварил речиси 5 милијарди американски долари приход од реклами, соопшти „Гугл“. Информациите беа објавени како дел од четвртиот квартален извештај на „Алфабет“, односно првиот квартален извештај откако Сундар Пичаи ја презеде функцијата извршен директор на компанијата2.

„Гугл“ го купи „Јутјуб“ во 2006 година за 1,65 милијарди долари. Минатата година тие остварија профит од 15 милијарди долари и придонесоа близу десет проценти во вкупните приходи на „Гугл“.

„Гугл“ соопшти дека „Јутјуб“ има преку повеќе од 20 милиони претплатници преку своите некомерцијални понуди, како и повеќе од два милиони претплатници на услугата за платени ТВ услуги. „Алфабет“ оствари приходи од 46 милијарди американски долари во кварталот кој заврши на 31 декември, што претставува скок од 17 проценти во однос на 2018 година.

        

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.