Во Германија почна најголемиот саем на слатки во светот

 

Најголемиот саем за слатки и бисквити во светот почна во Келн. Повеќе од 1.500 компании од 70 земји ги презентираат своите производи.

Саемот, кој се одржува на површина од 120.000 квадратни метри, ја продолжува традицијата на изложување и претставување слатки за сите љубители што ги има сè повеќе во светот.

На саемот се изложуваат слатки производи, бисквити, грицки, чоколадо и вафли, а оваа година особено се истакнуваат веганските и халал-производите.

Саемот трае до 5 февруари.

Германците се рекордери во извозот на чоколада во светот.

Нивната индустрија на чоколада годишно произведува 782.000 тони во вредност од 3,7 милијарди евра.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.