Индустријата троши огромни количества вода за пиење како технолошка

Во период кога климатските промени земаат се поголем замав и кога водата за пиење станува богатсво од непроценливо значење деловните субјекти од индустријата трошат милиони кубни метри вода за пиење како технолошка, откриваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

 

 

Според нив, во 2017 година, за технолошки намени најмногу се користени свежи технички води (околу 98 отсто). Во 2017 година, од вкупно 1,29 милијарди кубни метри користена свежа вода во индустријата и рударството, 1,26 милијарди кубни метри се технички води, а 4 милиони кубни метри се свежа вода за пиење.

 

Снабдувањето со вода во индустријата и во рударството ги опфаќа сите количества на водите што се непосредно зафатени и обезбедени од деловните субјекти, без оглед дали се за сопствени потреби или се отстапени или продадени на други корисници. Количествата на водите се утврдуваат со мерења со водомер или се проценуваат според нормативите за определената дејност (врз база на работното време и капацитетот на црпните постројки).

 

Статистичките податоци покажуваат дека количествата вода за потребите на индустријата и рударството во најголем дел се обезбедуваат од површински води (водотеци, акумулации, езера).

 

Во 2017 година, во површински води спаѓаат околу 64 отсто од вкупно зафатените води за снабдување на индустријата и рударството, а останатиот дел спаѓа во подземни води и други извори.

 

Водите користени за технолошки намени претставуваат искористени количества вода употребени или потрошени во технолошки процеси (производство, ладење).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.