Се зголемува прагот за задолжителна регистрација за ДДВ на 2.000.000 денари

Зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари предвидуваат измените на Законот за данокот на додадената вредност, кои денеска поминаа на владина седница. Предлог-законот сега треба да биде доставен на усвојување во Собранието на државата.

 

Од Владата појаснуват дека со предложениот закон се врши зголемување на прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување фискална сметка, чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена во согласност со Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

 

Со оваа новина во законот се укинува сметкопотврдата како задолжителен документ придружен со фискална сметка за промет до 6.000 денари, со што, како што велат од Владата, во голема мера се заштедуваат време, хартија и административна постапка.

 

Истовремено, предложениот закон има цел да овозможи ослободување од плаќање данок на додадена вредност на добрата што се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.