Презентирана физибилити студијата за развој на ски-центарот Попова Шапка

Министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на презентацијата на физибилити студијата за ски -центарот Попова Шапка од страна на консултантската компанија „Прајс Ватерхаус Куперс“.

 

Со оваа физибилити студија ќе започне постапка на одлучување за тоа како во иднина ќе се развива овој ски-центар, а трошоците за нејзина изработка се осум милиони денари.

 

„Ние како Влада во потполна соработка со АД ЕСМ во оваа година завршивме со градба на шестоседот, но не застануваме тука во најкраток рок со консултанската куќа АД ЕСМ има конкретени предлози due diligence и физибилити студија врз основа на што ќе се донесат одлуки за да се развие Шапка и да биде современ центар, кој ќе има позитивно влијание и на локална економија, но и за целата држава и регионот. Со инвестиции продолжуваме се со цел овој ски центар да биде еден од најдобрите“, изјави министерот Бектеши.

 

Како што информираа од АД ЕСМ, денешната презентација беше од затворен карактер поради правилата на изготвувачот „Прајс Ватерхаус Куперс“ и наменета само за нарачателот ЕСМ и ЕЛЕМ Турс и за засегнатите органи, додека набрзо ќе се отвори и јавна дебата, а на крај Владата ќе одлучи откако ќе се добијат сите сугестии од засегнатите страни.

 

„Оваа студија треба да ни ги каже сите можни решенија, односно што ние како сопственици на Попова Шапка треба да одлучиме кои се најисплатливите, најодржливите можности и решенија кои се во интерес на сите граѓани не само финансиски туку и на туристите. Станува збор за повеќе опции и решенија, можеби концесионерство, јавно приватно партнерство, можеби други начини на форми и управување. Во следна фаза од постапката треба да одлучиме како понатаму се во интерес на Шапка да функционира како што заслужува“, изјави Ковачески.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.