„Нафтогас“ бара 12 милијарди долари од „Гаспром“

„Нафтогас“ на Украина поднесе известување до судот во Стокхолм во кое побарува 12 милијарди долари од „Гаспром“.Извршниот директор на компанијата, Јуриј Витренко, изјави дека „Гаспром“ го нападнал „Нафтогас“ и дека тие се штитат заради тоа, пренесува „Капитал.ба“.

 

„На 18 април минатата година 'Гаспром' поднесе барање до судот во Стокхолм да започне арбитража, а финансискиот ефект изнесува повеќе од 12 милијарди долари“, рече Витренко. Тој додаде дека компанијата очекува да се донесе одлука за нова арбитража во 2021 година.

 

Според него, „Нафтогас“ од Украина планира да наплати три милијарди долари долг од „Гаспром“ идната година.

 

Во декември 2017 година и февруари минатата година, судот во Стокхолм донесе пресуда за споровите на „Гаспром“ и „Нафтогас“, врз основа на договори за испорака и транзит на гас, со што ја обврза руската компанија да ѝ исплати на украинската фирма 2,56 милијарди долари.

 

„Гаспром“ поднесе жалба против тие одлуки во март минатата година, а во мај побара целосно укинување на одлуката. „Гаспром“, исто така, поднесе тужба во врска со раскинувањето на договорот со „Нафтогас“ кој важи до крајот на годинава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.