Во фирмите врз основа на поврат на ДДВ вратени 14,5 милиони денари
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 03 Август 2019
Над 14,5 милиони денари од почетокот на годината заклучно со јули државата врати кај фирмите врз основа на поврат на ДДВ.
Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави дека во стопанството се вратени 1,8 милијарда денари повеќе во однос на претходната година.
– Во текот на овој период до фирмите имаме повратено над 14,5 милијарди денари, што во споредба со претходната година е 1,8 милијарда денари повеќе или 30 милиони евра имаме повеќе вратено кај бизнис-секторот во однос на претходната година, рече Елези.
Според неа, тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемување на даночните приходи, дека ликвидноста на буџетот е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски од Буџетот на расходната страна и кон бизнис-секторот.
Лани се вратени 12,5 милијарди денари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс