Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толкав износ поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

 

Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 69 денари,  а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 71 денар. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61 денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,50 денари за литар.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110денари и килограм ќе чини 34,739 денари.

 

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,13 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.