Сименс отпушта уште 2.700 работници

Германскиот производител на индустриска опрема Сименс објави дека ќе укине 2.700 работни места од одделите за производство на електрична енергија, од кои 1.400 во Германија.

 

Отпуштањата, како што е наведено од компанијата, ќе траат неколку години. Претставништвата на Сименс во Берлин и баварскиот град Ерланген ќе бидат најмногу погодени од отказите.

 

Членка на управата на Сименс, Лиза Дејвис, изјави дека „овие мерки ќе им помогнат да се создадат повеќе можности за раст".

 

Најновите откази во Сименс доаѓаат по објавувањето минатиот месец за отпуштање 10.400 работници од клучните бизниси. Компанијата планира да ги намали трошоците за 2,2 милијарди евра до 2023 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.