РЕК Битола: СВ Инвест понуди најниска цена на наддавањето за технолошко чистење на БТО системот

Тендерот за технолошко чистење на БТО системот (транспортни траки и механизација во рудникот) во РЕК Битола е спроведен во редовна постапка за јавна набавка и преку електронско наддавање, а најниска цена на наддавањето понуди фирмата СВ Инвест, информираат од Комбинатот.

 

-Информираме дека беа распишани уште два тендера за технолошко чистење: во термоелектраната и на отпепелување. На тие тендери исто така учествуваше и СВ Инвест, но најниски цени таму понудија други две фирми, кои на крајот ги добија тендерите, посочуваат од РЕК Битола во реакција на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Партијата денеска на прес-конференција посочи дека во последните три дена објавиле три тендери што ги добила фирмата СВ Инвест во вредност од над 800.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.