СТРУЈА БЕЗ ГАЈТАН: Кога, како и со кого на слободниот пазар на електрична енергија?

Тендерот за избор на универзален снабдувач со електрична енергија што Владата го распиша во септември, согласно новиот Закон за енергетика, лани заврши само со утврдување на фирмите кои на него се пријавиле.

 

- Со неверојатните, безмалКу три месеци за евалуација на доспеаните две понуди, во отсуство на кампања за информирање на јавноста и на понуди за цени од страна на снабдувачите, тештко може да се зборува за либерализација на пазарот на електрична енергија во Македонија.

 

Во Македонија во моментов се издадени дваесетина лиценци за снабдување со електрична енергија, а активни се и продаваат струја на потрошувачите само осум снабдувачи со електрична енергија. Тие снабдуваат над 1500 потрошувачи кои се веќе на слободниот пазар, а  од први јануари таква можност ќе имаат и малите потрошувачи и домаќинствата.

 

Се проценува дека се работи за повеќе од 600.000 домаќинства и над 76.000 мали потрошувачи. Доколку сакаат да излезат на слободниот пазар на електрична енергија уште во декември требаше да склучат договори со снабдувачите. Доколку одлучеа да останат на регулираниот пазар ќе немаа потреба од склучување договори, затоа што Универзалниот снабдувач со електрична енергија ќе ги преземе по автоматизам. Универзален снабдувач нема – веројатно до март нема ниту да го има, отсуствува информирањето и така, сосема тивко, либерализацијата повторно го отстапи своето место на старата добра песна и постојните играчи.

 

Имено, до назначување на новиот универзален снабдувач таа обврска ќе ја врши ЕВН Македонија со цел согласно Законот за енергетика на сите потрошувачи да им се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија!...Секако, по постојните цени, за кои пред некое време вицепремиерот истакна дека стопанството го чини конкурентност на домашниот и странските пазари.

 

Во Македонија во јавноста останаа и сите други нејаснотии. Не е познато дали компаниите снабдувачи ќе имаат посебни пакети, како во телекомуникацискиот бизнис или какви ќе бидат цените на либерализираниот пазар. Недостасува медиумска кампања. Ниту снабдувачите се јавуваат со промоција на своите понуди за комерцијалните потрошувачи и за домаќиствата.

 

Јулија Пишпецка





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.