Во тек аплицирањето на лозарите за добивање субвенција

Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес неделава почна аплицирањето на  лозарите од велешкиот поширок регион за добивање субвенција,  1 денар по килограм за предадено грозје од сортите „вранец“ и „смедеревка“, исклучиво во регистрирани Винарски визби.

 

Како што информира за МИА Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во Велес, кај нив веќе има пријавени заинтересирани лозари за оваа субвенција на Владата.

 

-Тие заедно со  апликацијата која ја добиваат од кај нас, треба да достават и белешка од Винарската визба како потврда за предадените количества грозје, појаснува Наковски.

 

Пријавувањето за лозарите за оваа субвенција ќе трае до 25 декември, по кој рок лозарите што ги исполнуваат критериумите, ќе ја добијат и предвидената субвенција, појаснуваат од Подрачната единица на МЗШВ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.