Општина Аеродром доделува субвенции за топол оброк

Општина Аеродром објавува јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците во основните училишта за учебната 2019/2020 година, информираат од општината.

Општина Аеродром со цел да му излезе во пресрет на секое семејство од подрачјето на Општина Аеродром што имало ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користел топол оброк за време на престојот, ќе му се исплатат средства во износ од 25% од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500,00 денари.

Јавниот повик ќе трае од 20 октомври 2020 година заклучно со 6 ноември 2020 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.