„Бек ту скул вик“ од утре во Општина Аеродром

Општина Аеродром од 24 август до 1 септември на повеќе локации низ општината ќе организира урбан настан „Бек ту скул вик“ (BACK 2 SCHOOL WEEK).

 

– Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година. Утре, 24 август (сабота), со настапи почнуваат ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“, соопштуваат од прес-службата на Општина Аеродром.

 

Во недела, на 25 август на детската улица „Тоше Проески“ е се одржи театарската претстава за деца „Зеленковци“ и ќе настапува диџеј Мики од Радио Антена 5, додека на во понеделник на 26 август во Паркот на езерата ќе настапува „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ.

 

Во вторник, на 27 август во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена, а на 28 август во истиот парк ќе перформираат „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5, на истата локација на 29 август ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5, додека на 30 август ќе перформираат „Теа енд д бенд“ и Драган Б. Костиќ.

 

Од Општина Аеродром информираат дека сите настапи почнуваат во 20:30 часот.

 

– Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот. „BACK 2 SCHOOL WEEK“ ќе го заокружиме со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18:00 часот, а ќе се релаксираме со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови, посочуваат од општината.

 

Од Општина Аеродром упатуваат отворена покана до сите граѓани и напомнуваат дека сите настани се бесплатни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.