Целосно обновен паркингот кај градинката „Бамби“ во Општина Аеродром

Граѓаните кои живеат во непосредна близина на градинката „Бамби“ и ОУ „Љубен Лапе“  во Општина Аеродром добија целосно обновен паркинг со површина од 1.600 квадратни метри.

 

Градежните активности на кои се работеше во изминатиот месец се заокружени денеска. Реконструкцијата опфати машинско гребење на оштетениот асфалт, чистење и обеспрашување на изгребаната површина и машинско асфалтирање, а во наредниот период ќе се обележи и сообраќајната сигнализација.

 

Општина Аеродром активно работи на подобрување на инфраструктурата и на условите за живот на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.