Општина Аеродром ги обновува спортските игралишта

Општина Аеродром деновиве врши поправка и обновување на реквизитите на сите спортски игралишта, вклучително и на оние во рамките на основните училишта.

 

Од општината информираат дека се поправаат и се обновуваат кошевите, а на спортското игралиште во непосредна близина на градинката „Лале" во населбата Јане Сандански се поставени стаклени табли и зглобни обрачи.

 

Овие активности продолжуваат и во наредниот период на целата територија на Општината. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.