Градоначалникот Марин на Велигденски средби во Горно Лисиче

Традиционални Велигденски средби се одржаа денеска во дворот на црквата „Св. Петар и Павле" во Горно Лисиче, на кои меѓу стотиците верници присуствуваа и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

 

Манифестацијата, која започна по Велигденската литургија, беше збогатена со културно-уметничка програма и настап на естрадни ѕвезди.

 

Организатор на прославата е Црковниот одбор на црквата „Св. Петар и Павле", од каде што изразија задоволство што оваа манифестација ја одржува традицијата и што православните верници се вклучуваат во прославувањето на овој голем христијански празник





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.