„Прљаво казалиште" и „Нокаут" на роденденската забава во Аеродром

Општина Аеродром денеска одбележува 14 години од своето основање. По тој повод, градоначалникот Златко Марин ја најави роденденската прослава што ќе се одржи в недела во паркот „Авион" на која ќе настапат групите „Прљаво казалиште" и „Нокаут".

 

– Хепенингот ќе почне на пладне со настап на нашите најмали жители, кои не само што растат во Аеродром туку се и нејзината иднина. Децата од градинките и основните училишта ќе се забавуваат со ритмички точки, хип-хоп настапи и соло-пеење. Ним ќе им се придружат децата од училиштето „Аква денс" и хорот „Златно славејче", изјави градоначалникот Марин.

 

Забавата в недела претставува продолжение на традицијата почната минатата година да се одбележува роденденот на општината со забава на отворено, во согласност со заложбата да се доближи општината до граѓаните за отвореност и достапност за сите.

 

На денешната прес-конференција присуствуваа и претседателката на Советот на општината Ивана Цветковска и Пере од групата „Нокаут". „Нокаут" ќе настапи од 20 до 21:30 часот, а по нив до полноќ концерт ќе одржи „Прљаво казалиште". Пере најави дека ќе изведат нешто и од својот најнов материјал што ќе се појави пред почетокот на летото и ги повика да присуствуваат граѓаните од Аеродром и од другите општини.

 

Покрај забавен, прославата ќе има и хуманитарен карактер. Ќе се донира за социјално ранливите категории на граѓани. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.