„Шарени бои за поддршка на различноста“ – Општина Аеродром го одбележа Денот на лицата со Даунов синдром

Под слоганот „Шарени бои за поддршка на различноста“, Општина Аеродром и ООУ„Александар Македонски“ го одбележаа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

 

На настанот се претставија деца со Даунов синдром и нивните соученици од различни одделенија, а свое излагање имаше Марија Делетиќ, директорка на училиштето „Д-р Златан Сремец“, кое има своја подрачна паралелка во рамките на ОУ„Александар Македонски“, соопшти Општина Аеродром.

 

– На сите ученици би им порачала да бидат пример за своите другарчиња со Даунов синдром, истакна Делетиќ, која додаде дека различноста треба да се промовира како предност, а не како недостаток.

 

Во знак на солидарност со лицата со Даунов синдром, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои. Целта на оваа манифестација е дружење и социјализација на овие дечиња, како и подигнување на свеста за потребата од нивна инклузија во општеството.

 

На денешниот настан присуствуваа и претставници од организацијата „Отворете ги прозорците“, како и претседателот на Европската шаховска федерација Зураб Азмајпарашвили од Грузија и Благоја Богоевски, претседател на Македонската шаховска федерација, кои им доделија пригодни подароци на дечињата со Даунов синдром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.