Продолжува разеленувањето на Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве продолжи со засадување нови дрвја и со обновување на зеленилото на кружниот тек во Стар Аеродром, како и во дворовите на основното училиште „Браќа Миладиновци“ и детската градинка „Сонце“.

 

Во оваа акција ќе бида засадени околу 800 садници, повеќето се даб, липа, јавори, а се садат и јуниперуси и леланди.

 

– Есента исто така спроведовме голема акција со засадување на повеќе видови високостеблести дрвја на различни локации на целата територија. Набавени се над 1.800 садници, за што од буџетот на Општината се издвоени осум милиони денари, соопштија од Општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.