Се расчистува депонија во Лисиче

 

Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве ја расчистува депонијата во населбата Лисиче, на раскрсницата меѓу улиците „Ернест Телман“, „Тодор Чангов“ и „Богомилски Поход“.

 

Во расчистувањето на локацијата се вклучени сезонски работници од Општина Аеродром, како и механизација на ЈП „Комунална хигиена“.

 

Од Општина Аеродром информираат дека во изминатиот период биле детектирани сите диви депонии на нејзината територијата и во неколку наврати спроведени се активности за нивно расчистување.

 

Како што велат од општината, комуналните инспектори вршат редовна контрола на теренот, со цел да се спречи создавање нови депонии.

 

Општината, истовремено, ги повикува граѓаните, доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации да пријават на телефонскиот број 075 316 515.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.