Проектот за лични и образовни асистенти дава позитивни резултати во Општина Аеродром

Проектот преку кој се ангажираат лични и образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од основните училишта во Општина Аеродром во изминатите шест месеци даде позитивни резултати, покажала полугодишна евалуација на сите вклучени субјекти во проектот.

 

Досега се ангажирани осум образовни и седум лични асистенти што работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби, а се очекува проектот да продолжи и следната учебна година, со цел да се опфатат поголем број ученици на кои им е потребна ваква помош.

 

Носител на овој проект, како што информираат од општината, е УНДП, во соработка со Општина Аеродром и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како дел од програмата за општокорисна работа. 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.