Вонреден инспекциски надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите во општина Аеродром

Интервентни мерки против загадувањето на воздухот генерално се почитуваат на целата територија на општина Аеродром, покажува вонредниот надзор градилиштата, автосервисите и отпадите извршен денеска од Инспекциската служба на општина Аеродром.

 

Од општина Аеродром најавуваат дека вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови.

 

Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.

Општина Аеродром, се вели во соопштението, ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи, а двојно е намалена употребата на службените возила.

 

Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, се наведува во соопштението, утринава до работните места стигнале пеш или со велосипед.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.