Општина Бутел во 2018 посвети големо внимание на условите во детските градинки

Општина Бутел активно работи на обезбедување современи услови за децата во детските градинки на нејзина територија.

 

 

Деновиве заврши реновирањето на повеќе простории во матичниот објект на ЈУ Детска градинка ,,11 Октомври”.

 

Со реновирањето опфатено е репарирање на паркетот на површина од 450м2, поставен е нов ламинат во ходниците на површина од 68 м2, а висината на потрошените средства за оваа намена изнесуваат 430 000 денари. Поставени се 110 нови прозорци и 14 влезни врати , за кои општината потроши 1.500 000 денари. Исто така набевена е најсовремена дидактичка опрема за деца со пречки во развојот, најразлични детски играчки и 5 мали и 2 големи трамболини, во вредност од 435 000 ден.

 

Директорката на градинката, Луција Кировска истакна дека за издвојување е фактот дека оваа градинка е прва во Скопје која има смарт табла.

 

По повод реновираните простории на градинката денеска децата ги посети и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски кој истакна дека грижата за најмладите продолжува и додаде, дека во континуитет ќе се работи за подобрување на севкупните услови за дечињата во сите 6 градинки на територијата на Општина Бутел.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека Општина Бутел работи на изградба и проширување на сместувачките капацитети во детските градинки. Во моментов згрижени се 1164 деца, а капацитетот на градинката е за околу 900 деца.

 

Инаку, Општина Бутел е една од ретките општини каде нема листи на чекање за упис на децата во градинките.

 

Архива 16 11 2018 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.