Новогодишна претстава на децата од градинките „Срничка" и „Фидани"

Новогодишна приредба во рамки на проектот „Заедно празнуваме на Нова година и се радуваме" реализиран од детските градинки „Срничка" од општина Аеродром и „Фидани" од Општина Чаир се одржа денеска во објектот „Бамби".

 

Овој проект во текот на декември опфати шест работилници, при што беа вклучени околу 170 деца на возраст од пет и шест години и 10 учителки од двете градинки.

 

Децата паралелно обработуваа приказни на македонски и на албански јазик, си подготвуваа новогодишни подароци, а заедно со своите родители учествуваа и во креативни работилници.

 

Главната идеја на проектот што се реализираше со поддршка на фондацијата „Градиме мостови" е да се овозможи непосредна интеракција меѓу децата што припаѓаат на различни етнички заедници, во атмосфера на соработка, со цел меѓусебно запознавање, како на индивидуално ниво, така и на ниво на етнички/културни заедници.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.