Новогодишно украсени парковите и улиците во Аеродром

Со илјадници светилки и оваа година општина Аеродром ги осветли парковите со што новогодишната магија се почувствува и во Општина Аеродром.

 

Со високи новогодишни елки, светлечки снегулки, еленчиња, фонтана, големи лампиони и ѕвездено небо украсени се парковите Бисер, Мичурин, Бојмија, Јане Сандански, Долно Лисиче, улицата „Тоше Проески“, како и булеварот „12 Македонска бригада“ во населбата Лисиче.

 

Меѓу украсите распоредени на различни локации, доминираат сината и белата боја.

 

Од општина Аеродром велат дека со новогодишното украсување создадена е пријатна атмосфера за вечерни прошетки на граѓаните во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.