Нови пешачки патеки во Општина Аеродром

Општина Аеродром изгради нови пешачки патеки во населбата Ново Лисиче и покрај булеварот „Трета македонска бригада“.

 

Од општината информираат дека станува збор за изградба на јавни пешачки површини и пешачки патеки во близина на паркот „Нирнберг“. На истата локација со павер-елементи се прошири и се обнови дел од паркинг-просторот за потребите на граѓаните што живеат и гравитираат во околните згради од населбатa.

 

Три нови пешачки патеки се изведени и кон зградите што се наоѓаат покрај булеварот „Трета македонска бригада“, соопштиjа од Аеродром.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.