Во Општина Аеродром се засадуваат 1.800 високоизраснати дрвја

Во тек е акцијата за засадување 1.800 високоизраснати дрвја на целата територија на општина Аеродром, а разубавен е просторот околу ООУ „Лазо Ангеловски“ и кај кружниот тек кај Поликлиниката. Нови 75 зимзелени садници беа засадени и пред ООУ „Александар Македонски“, информираат од општината.

 

-Разеленувањето на просторот е долгорочна мерка за зачувување на здравата животна средина, што е наш врвен приоритет“, изјави градоначалникот Марин, кој беше придружуван од претседателката на Советот, Ивана Цветковска.

 

Тој посочи дека во наредниот период ќе бидат опфатени и голем број други локации на територијата на општината, пред сѐ, потегот пред поликлиниката „Јане Сандански“, на улиците „Тодор Чангов“ и „Бојмија“, во населбата Мичурин, како и на други места. Упати и апел до граѓаните да поднесат барање до општината за засадување дрвја во нивните реони.

 

Од општината велат дека за овој проект се издвоени осум милиони денари од буџетот на општината, а исто толку се предвидени и за наредната година. Оттаму наведуваат дека ќе останат посветени на грижата за животната средина и  ќе ги преземат сите мерки во нивна надлежност за решавање на прашањата поврзани со аерозагадувањето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.