Мини детско игралиште за најмладите во Ново Лисиче

Општина Аеродром доби ново катче за најмладите во Ново Лисиче, лоцирано во непосредна близина на булеварот „Февруарски поход".

 

Станува збор за мини детско игралиште изработено од гуми и други материјали, кои во чест на одбележувањето на Светскиот ден на волонтерите, го изградија волонтери вработени во компанијата ЕВН „Македонија" во рамките на проектот „ЕВН волонтира".

 

Локацијата за поставување на детските реквизити ја одреди Општина Аеродром, која дополнително ќе го уреди и оплемени овој простор.

 

Со уредувањето на ова детско катче, дечињата добија ново безбедно место за игра, а возрасните уште еден потсетник за тоа колку е важно несебично да помагаме во заедницата.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.