Се прават четири нови улици во Стар Аеродром

Општина Аеродром  ќе прави четири  нови улици во населбата Стар Аеродром.

 

Станува збор за краци на улицата „Пандил Шишков", што ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа, атмосферска канализација, асфалтирање и улично осветлување.

 

Подобрувањето на инфраструктурата во овој дел на општината е едно од основните барања и потреби на жителите. На овој начин ќе се олесни пристапот на граѓаните до своите домови и подземните паркинзи, ќе се зголеми бројот на паркинг-места и ќе се намали сообраќајниот метеж, стои во соопштението од општината.

 

За оваа намена општината има предвидено над девет милиони денари од сопствениот буџет. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.