Во Аеродром започна изградба на уште една зграда

Во Реонски центар во Аеродром, на празната локација што требаше да биде наменета за паркинг –како што тврдат тамошните жители, сепак никнува зграда.

 

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор не отстапува од намерата да ја изгради планираната зграда на последната слободна парцела меѓу веќе изградените згради во Реонски центар Аеродром. Граѓаните бараат државата да се откаже од градба и слободната парцела да биде паркинг, но од акционерското друштво укажуваат дека тоа не им е исплатливо.

 

„Доколку не се пристапи кон градба на споменатиот станбен објект, согласно утврдените рокови во споменатото одобрение, друштвото ќе се соочи со претрпување на значителна финансиска штета“, изјави за „Макфакс“ Кристијан Трајковски, директор на Акционерското друштво.

 

Тој нагласува дека изградбата на станбениот објект во Реонски центар Аеродром, е согласно правосилното одобрение за градење од 09.11.2016 издадено од Општина Аеродром согласно важечките прописи на постоечкиот Детален урбанистички план донесен во јуни 2009 година.

 

Од Општина Аеродром пак, уште во април годинава, по низата реакции во јавноста, информираа дека одобрението за градба за таа локација е дадено на 9.11.2016 година, а комуналиите се платени пред тоа и дека градоначалникот Златко Марин веќе остварил средба со граѓаните од овој дел на населбата и ги информирал дека самата општина нема ингеренции да ја стопира градбата.

 

Градилиштето за оваа зграда беше оградено во март година кога жителите од околните објекти уште еднаш ги активираа старите барање – на парцелата да не се гради зграда туку да се изгради паркинг.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.