Нови паркови во Аеродром

Општина Аеродром деновиве распиша јавен повик за изработка на нови проекти.

 

Од општината информираат дека се избира изведувач за паркот во населбата Мичурин, а изградбата ќе почне  во наредниот период.

 

Општината соопшти дека и во наредниот период остануваат  посветени на своите заложби за заштита и подигнување нови зелени површини на територијата на Аеродром. Во таа насока набавени се околу 1.800 високоизраснати дрвја кои ќе се садат на повеќе локации.

 

Новите паркови кои ќе бидат направени во Аеродром ќе бидат лоцирани покрај улиците „Методија Шаторов Шарло“ и „Новопроектирана 1“, на раскрсницата меѓу улиците „Пандил Шишков“ и „Фрањо Клуз“ и покрај булеварот „Трета македонска бригада“.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.