Демант на општина Аеродром на изјавата на Петар Миовски од ВМРО-ДПМНЕ

Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ е да ја префрли одговорноста за урбанистичкиот хаос во Аеродром, кој токму тие го предизвикаа, врз новото општинско раководство. Ова се вели во демантот од општина Аеродром на изјавата на Петар Миовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

– Продолжува лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и нивната советничка група. На вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром побараа ревизија и мораториум за ДУП-ови што самите тие ги имаат изгласано. Притоа, никој од нив не даде ниту еден аргумент за своите предлози и како тие би ја решиле ситуацијата, стои во демантот.

 

Во однос на предложениот мораторитум на ДУП И10 и Црква УЕБ, како што се наведува, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше неколкупати повикана да го образложи својот предлог. На прашањето што ќе се постигне со мораториумот и како тој ќе го реши проблемот со парцелата кај Мајчин дом, ниту еден од советниците немаше одговор. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во општината. За сметка на ова, Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните.

 

– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ вчера се обидоа да побараат и ревизија на ДУП-овите, иако знаат дека таа веќе се спроведува. По преформулирањето на точката, гласаа против сопствениот предлог. Ова е уште еден доказ за безидејноста во работењето на ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на оваа ревизија, сите потребни документи за претставките против ДУП И10 се веќе доставени до Уставен суд, кој утре ќе расправа за овој случај. Токму судот ја има надлежноста да решава за ова прашање и Општина Аеродром понатаму ќе постапува согласно со неговата одлука, се вели во демантот.

 

Општина Аеродром информира дека новото раководство на чело со градоначалникот Златко Марин активно работат на заштита на урбаното јадро, грижа и дополнување на зеленилото во општината. Новите урбанистички планови, како штос е наведува, се носат според повисоки стандарди за похумано живеење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.