Инвеститорот тврди дека зградата кај Мајчин Дом ќе се гради, општината со став дека тука не треба да се гради

Инвеститорот на спорната зграда која треба да се гради кај Мајчин Дом вчеравечер се сретна со дел од жителите на општина Аеродром, кои се против изградбата на зградата.

 

На средбата, како што информира компанијата ЗСФ- КОМ се дискутирало за штетата од изградбата на зградата, но и за загубите на инвеститорот доколку се откаже од изградбата. Од компанијата велат дека изминатиот период се правеле анализи и се барале можности за откажување од градбата. Барале соодветно правно и економски оправдано решение.

 

Направена е темелна анализа на достапните парцели за да се замени локацијата, но како што велат од компанијата, нивниот заклучок е дека во моментов нема соодветна парцела во Аердодром што ни одблиску може да ја компензира вредноста на плацот кај Мајчин Дом.

 

Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркица за градба, согласно сите законски и правни процедури. Ова беше овозможено од претходното раководство на општината. Во случај да се откаже од градбата кај Мајчин дом, Општината би требало да му исплати на Етеми повеќе од 8 милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, велат од компанијата.

 

И градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, е запознаен со барањата на инвеститорот за обештетување во случај да се стопира изградбата на зградата. Од општината велат дека доколку се оди во насока на обештетување, инвеститорот би можел да побара сума и двојно поголема од првичните 5,5 милиони евра. Ова би значел комплетен крах на буџетот на општина Аеродром и огромни штети за граѓаните на нашата општина. Ваквото решение би бил многу неразумно бидејќи ќе се доведе во прашање реалзицијата на сите проекти, но и тековното работење, изјавуваат од општинското раководство.

 

Од друга страна, најголемиот страв на граѓаните е нарушувањето на квалитетот на живот во регионот и потенцијалната штета врз животната средина. Тие побарале одговорност од претходното општинско раководство, кое го изгласа ДУП И10, кој ја овозможува изградбата на овој објект.

 

Инвеститорот уверува дека зградата ќе биде целосно енергетски ефикасна, а проектот е изработен со особена грижа за околината и животната средина. Самата зграда ќе има вертикално и хоризонтално зеленило, со посебен систем за одржување, за што ќе бидат вложени околу 1 милион евра. Засадени ќе бидат и150 високоизраснати дрва, а ќе биде изграден и нов паркинг.

 

Во меѓувреме, Општина Аеродром е во исчекување на одлуката од Уставен суд, кадешто се поднесени 13 претставки за ДУП И10, кој ја опфаќа парцелата кај „Мајчин дом.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.