Аеродром и Лисиче вечерва останаа 20-ина минути без струја

Во националниот диспечерски центар во 19:02 часот е регистрирана безнапонска состојба на извод што ја напојува општина Аеродром од трансформаторската станица „Скопје 4", информираат од АД МЕПСО.

Оттаму посочуваат дека безнапонската состојба траела до 19:20 часот кога Операторот на дистрибутивниот систем од друга страна го обезбедил напојувањето за населба Аеродром.

Екипи на МЕПСО се на терен за утврдување и отстранување на дефектот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.