Општина Аеродром: „Комбинирај и движи се!" порачаа „бубамарите" и „срничките"

Општина Аеродром оваа година ја одбележа Европската недела на мобилност заедно со децата од градинките „Буба Мара“ и „Срничка“.

 

Настанот, како што соопштија од општината, беше посветен на зголемување на јавната свест за заштита на животната средина, придонесот и одговорноста на секој од нас при изборот на превозно средство.

 

Под мотото „Комбинирај и движи се!“ децата од клоновите „Сонце“ и „Лале“ возеа велосипеди и тротинети, цртаа и учествуваа во разни едукативни активности. Настанот се одржа утрово во паркот „Јане Сандански“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.