Општина Аеродром поднесе иницијатива за ново сообраќајно решение на булевар Србија

Општина Аеродром утрово поднесе иницијатива до Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ за зголемена безбедност во сообраќајот.

 

Во соопштението од Општината се вели дека службите веднаш реагирале по немилиот настан што се случи доцна синоќа на овој булевар.

 

Имено, шеесет и едногодишна жена го загуби животот, а тригодишно девојче е тешко повредено кога во нив удрило комбе на булеварот „Србија“.  Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде што жената подлегнала на повредите.

 

Општина Аеродром информира дека континуирано работи на зголемување на безбедноста на сообраќајот на улиците што се под нејзина надлежност со цел да ги превенира ваквите настани и да ја зголеми свеста кај учесниците во сообраќајот.

 

Во рамките на овие активности, неодамна беше поставена хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата „Блаже Конески“, „Александар Македонски“ и пред клонот „Сонце“ на градинката „Бубамара“ во Реонски центар Аеродром. Ваква сигнализација во моментов се поставува и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“. 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.