Паралелка на ПОУ „Д-р Златан Сремец" од оваа година во ООУ „Александар Македонски"

Оваа учебна година во рамките на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар ‒ Аеродром, ќе функционира интегрирана паралелка од посебното основно училиште  „Д-р Златан Сремец“. 

 

Од Општина Аердром наведоа дека просторијата ќе се користи без надомест, како и дека  обезбеден и бесплатeн оброк за учениците.  - Општина Аеродром ја поддржа иницијативата за подобрување на условите за реализирање на воспитно-образовниот процес за учениците од ова училиште, кои се жители на Општина Аеродром, соопштија надлежните. 

 

Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ има девет интегрирани паралелки што го реализираат воспитно-образовниот процес во рамките на општинските училишта на територија на градот.  

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.