АМЕРИКА ЧЕКА УДАР ОД КАТАСТРОФАЛЕН УРАГАН: Евакуирани 1,5 милиони луѓе

Федералните и локалните власти во американските држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија наредија евакуација на 1,5 милиони луѓе од крајбрежните области поради доаѓањето на катастрофалниот ураган Флоренс.

 

Од Националниот центар за урагани предупредуваат дека "постои високо ниво на уверување дека Флоренс ќе биде голем и крајно опасен ураган". Во меѓувреме, претседателот на САД, Доналд Трамп одобри да се прогласи вонредна состојба во Северна Каролина.

 

Претходно, гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека ураганот ќе помине преку државата и побара од жителите да се подготват за високи бранови, силни ветрови и поплави.

 

Гувернерите на Јужна Каролина и Вирџинија, исто така, им наредија на жителите задолжителна евакуација поради ураганот Флоренс.

 

Одлуката се однесува на сите осум области по должината на атлантскиот брег, вклучувајќи го и најголемиот град на таа држава, Чарлстон.

 

Се проценува дека околу еден милион луѓе ќе ги напуштат своите домови.

 

Максималната брзина на ветерот сеуште не слабее и изнесува 220 километри на час.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.