УРАГАНОТ ДОПОЛНИТЕЛНО СЕ ЗАСИЛИ: Трамп го откажа планираниот митинг

Ураганот "Флоренс" се засили до ниво на ураган од четвртата категорија во Атлантскиот Океан, објави денеска американскиот Национален центар за урагани.

 

Според Центарот, ураганот моментално се наоѓа на 1.985 километри југоисточно од Кејп Фир во Северна Каролина, со ветрови со максимална брзина од 195 километри на час, според Ројтерс.

 

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп го откажа планираниот митинг во Џексон, Мисисипи, од безбедносни причини, поради ураганот што се приближува, соопштија од на организациониот  тим на кампањата.

 

Како што претходно беше објавено, се очекува ураганот "Флоренс" в четврток да се доближи до американскиот брег.

 

Во исто време, ураганот "Хелен", исто така, добива на сила во источниот дел на Атлантскиот Океан, додека ураганот "Ајзак" се доближува до Карибите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.