Најмалку 13 загинати во пожар во зграда во Виетнам

Пожар во зграда во Виетнам

Најмалку 13 лица загинаа, а 28 се повредени откако изби пожар во 20-катна зграда во градот Хо Ши Мин Сити, во станбен комплекс, каде живееле повеќе од 700 семејства.


Неколкумина скокнале од зградата кога избил пожарот во Карина Плаза Билдинг.


Околу 200 пожарникари се бореа со пожарот и го ставија под контрола за три часа.


Полицијата соопшти дека пожарот бил предизвикан од експлозија во паркинг гаражата во зградата. Подрумот е целосно уништен, заедно со 13 автомобили и 150 мотори.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.