Дел Потро: Не ме фрустрира „големата четворка"

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро истакна дека е горд што игра во период на „големата четворка“ и дека не го фрустрира тоа што Рафаел Надал, Роже Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј досега му препуштија само една гренд слем титула.

Дел Потро претпе пораз од Ѓоковиќ во неделата во финалето на Ју-Ес опен, а најдобриот српски тенисер ја освои третата титула на овој турнир во кариерата.

- Да се игра во исто време со Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мареј претставува сериозен проблем за освојување на титули. Искрено не ме фрустрира „големата четворка“ што досега имам само една гренд слем титула. За мене е гордост да се натпреварувам со овие спортски легенди, истакна Дел Потро.

Аргентинскиот тенисер досега има освоено само еден трофеј на гренд слем турнирите и тоа на Ју-Ес опен во 2009 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.