Новак Џоковиќ нов шампион на УС Опен (видео)

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ го освои трофејот на Грен слемот во Њујорк.

 

Тој ноќеска го победи Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 3-0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.

 

Со триумфот на мечот кој траеше 3 часа и 19 минути, Србинот по трет пат се искачи на тронот на УС Опен.

 

Воедно за Џоковиќ ова е 14-та Грен слем титула со што се изедначи со Пит Сампрас на вечната листа. Пред нив се Рафаел Надал со 17 и Роџер Федерер со 20 трофеи од четирите најголеми светски тениски турнири.

 

Наградниот фонд на УС Опен изнесуваше 53 милиони долари, од кои 3,8 се наменети за шампионот Џоковиќ.

 

Инсерти од мечот...

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.