Каваи Ленард од Сан Антонио добива голем милионски договор само за да остане во тимот

НБА

Каваи Ленард од Сан Антонио добива голем милионски договор само за да остане во тимот. Спарси се подготвени да ја задржат својата ѕвезда со договор во висина од 219 милиони долари за 5 сезони.

 

Дваесет и шестгодишниот Ленард одигра само 9 натпревари за Сан Антонио оваа сезона, а во нив постигнуваше во просек по 16.2 поени, 4.7 скока, 2.3 асистенции, 2 одземени топки и 1 блокада по натпревар. Раководството на тимот од Тексас сака да се сретне со ѕвездата и двете страни да разговараат за иднината и да ги остават своите недоразбирања во минатото.

 

Ленард е двократен „Дефанзивец на годината“ и МВП на финалето, откако има титула со тимот од Сан Антонио во 2014 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.