Серена Вилијамс ќе настапи на гренслемот Ронал Гарос, но нема да биде носителка

Серена Вилијамс

Серена Вилијамс ќе настапи на гренслемот Ронал Гарос, но нема да биде носителка. Ветеранката од септември досега одигра само два турнири и сега е на 453-тата позиција на ВТА ранг-листата.

 

Серена Вилијамс и покрај лошиот пласман доби право да учествува на Ролан Гарос, откако го активира специјалното правило на ВТА. Ова правило им овозможува на послабо рангираните тенисерки да пријават учество на еден голем турнир, само доколку нивниот лош пласман е поради некоја посериозна повреда и пауза од тениските терени.

 

Отвореното првенство во Париз на терените на Ролан Гарос на програмата е од 27 мај до 10 јуни, а за неколку дена е и ждрепката за првото коло.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.